Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцинација со трета доза за здравствените работници, згрижените во домови за стари лица и граѓаните над 60 години во Грција

0
By НОВА ТВ on September 20, 2021 РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Згрижените во домовите за стари лица, здравствените работници и лицата над 60-годишна возраст во Грција ќе добијат и трета доза од вакцината, соопштија попладнево на редовната прес конференција за имунизацијата во земјата, претседателката на Комисијата за вакцинација Мариа Теодориду и генералниот секретар во Министерството за здравство на Грција Мариос Темистоклеус, јави дописничката на МИА од Атина.

Третата доза, нема да биде задолжителна, ќе биде со мРНА вакцина, шест до осум месеци по втората доза.

Претседателката на Комисијата за вакцинација Мариа Теодориду објасни дека намалувањето на антителата во комбинација со мутациите, биле главните причини, Комисијата да препорача и трета доза за конкретните категории, додека пак за веројатноста трета доза да примат сите граѓани, посочи дека ги очекуваат резултатите од соодветните студии на оваа тема, па дополнително ќе донесат одлуки

Темистоклеус објасни дека на крајот на месецов, односно на 30 септември ќе се отвори платформата за закажување на термин за третата доза за лицата над 60 година и за здравствените работници, доколку се поминати шест месеци од втората доза, а следната седмица ќе започне имунизацијата во домовите за стари лица со помош на мобилните единици.

Во однос на процесот на имунизација во земјата, според податоците што ги соопшти Темистоклеус, досега се аплицирани над 11.900.000 дози од вакцината, 6.365.000 граѓани се вакцинирани со една доза, односно 60,6 отсто од општото и 70 проценти од полнолетното население.

​Целосно имунизирани се 5.950.000 лица, што е 56,7 проценти од општата и 65,6 отсто од полнолетната популација.

Вакцина Грција дози
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.