Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вакцинирајте се-делта и ламбда сојот на коронавирусот заразуваат се поголем број луѓе во светот!

0
By Mirjana on August 5, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Како резултат на забрзаното ширење на делта сојот на коронавирусот,Јапонија воведе рестриктивни мерки уште во 8 префектури. Не е ништо подобра состојбата во Индија каде моменталниот број на заразени изнесува 42.000. Натаму следува Бразил која во глобални рамки се позиционира на второ место по бројот на смртни случаи кој достигна над половина милион од почетокот на пандемијата.

Во австралиската држава Нов Јужен Велс, црн ден кога станува збор за Ковид19,  пет луѓе починаа во Сиднеј, четворица од нив не биле вакцинирани. Расте и бројот на заразени, 260 се регистрирани во последните 24 часа.

Ситуацијата,како што напишавме и погоре  се влошува и во Јапонија. Во Токио, регистрирани се 5.000 нови инфекции само за еден ден.

Како што е објавено во сублиматот на РТС, Во Шпанија властите на островот Ибица ангажираат дури и приватни детективи кои се преправаат дека се туристи а имаат задача да запрат илегални забави. Многу познати ноќни клубови се затворени, а баровите и рестораните можат да работат до 1 часот наутро, со примена на рестриктивни мерки. Сепак најголем проблем на властите им задаваат забавите кои се организираат во големи приватни куќи.

Ибица е остров познат по својот ноќен живот и забава. Овој месец ќе биде дозволено присуство на навивачи на спортски настани, со максимален капацитет од 40 проценти на отворени стадиони или 30 проценти во спортски сали, најави министерот за здравство на Шпанија.

Панамериканската здравствена организација предупредува дека бројот на пациенти се шири побрзо во јужните и источните делови на Соединетите држави и централно Мексико. Нема докази дека вирусот на делта е поопасен од другите, рече директорот на таа организација, а ламбда варијантата на вирусот се јавува спорадично во Латинска Америка.

“За само една недела, регистрирани се повеќе од 1.200.000 случаи на вирус и 20.000 смртни случаи на американскиот континент. Инфекцијата особено брзо се шири во Северна Америка, во оние делови каде што стапката на вакцинација е ниска. Зголемување на бројот на случаи се регистрирани во Куба, земјите на Карибите “, вели д -р Кариса Етиен, директор на ПАХО.

Во Обединетото Кралство, кое има најмногу имунизирани граѓани во Европа, на младите луѓе на возраст од 16 и 17 години им се дава можност да ја примат првата доза од вакцината Фајзер.

Премиерот Борис Џонсон вели дека разбира дека луѓето копнеат по летни одмори во странство и оцени дека брзата кампања за вакцинација им овозможува на Британците да заминат на одмор во Европската унија.

Фајзер ќе бара од сите свои вработени во САД да се вакцинираат или тестираат секоја недела.

И во Русија, вакцината Спутник лајт покажува висока стапка на ефикасност во комбинација со вакцините Астра-Зенека, Синофарм и Модерна, особено во Аргентина, соопшти рускиот фонд за директни инвестиции, кој ја направи оваа вакцина.

 

делта сој ламбда сој се шири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.