Бошко Нацевски: Голем метеж на Аеродромот во Скопје.
Авиони кои носат наши повратници од дијаспората не може да слетаат. Нема место на пистите.
Во право била министерката за образование, која рече дека иселениците се враќаат дома. Перт Сиднеј, Мелбурн се празнат. Каква трагедија. Ќе опустее континентот на кенгурите. Сериозна загриженост завладеа и кај Америте. За назад, нашинците трескавично си ги пакувале куферите. Ете што ни приреди бумот на нашата економија.
Туку да си кажам, министерката се чини има познавања за нашинците во дијаспората, колку јас за тајните во атмосферата …
Да не продаваме компири за бубрези. Доста ни се порази. Не се враќа во Мариово тој што веќе еднаш влегол во бања со џакузи.
Колку што овде е износот на нашите просечни плати, толку таму им се месечните заштеди. Изигруваме слепост. Под тепих ги ставаме причините, зошто тој наш милион браќа одлетаа преку океаните и меридијаните. Не е коректно нивната невоља, нивниот печал и непребол за
Татковината, партиските банди да ги користат во своите валкани пропаганди.
Извор: Фејсбук



