Published: Thursday, November 19, 2015 11:06
Францускиот премиер Мануел Валс предупреди дека луѓе блиски до терористите кои нападнаа минатата недела во Париз, може да користат хемиско или биолошко оружје.
Валс во говор пред парламентот го претстави нацрт-законот на Владата за продолжување за три месеци на вонредната состојба во државата воведена по нападите во кои загинаа 129 луѓе.
Нацрт-законот ќе биде разгледан утре од Сенатот.




