Изложбата која ги урива сите рекорди на посетеност „Ван Гог во живо“ пристигна во Тел Авив.

На мултимедијалниот екран, публиката ги гледа сликите на холандскиот уметник. Фреквенцијата е стотици илијади посетители кои доаѓаат на изложбата што патува низ различни земји како Турција и САД.

Изложбата содржи илјадници  живи реалистични слики на делата на Ван Гог, кои се гледаат од 360 степени, поставени на 40 екрани со висока резплуција, синхронизирани со музика.

„Концептот на изложбата е уметноста на Ван Гог да се пренесе на едно ново ниво на резолуција и искуство на возудливите, прекрасни дела на Ван Гог. Изложбата ви дава нова перпспектива, предизвикува многу чувства. Тоа е една длабинска перспектива“, вели кураторката на поставката

Изложбата „Ван Гог во живо“, во Тел Авив ќе биде отворена до почетокот на март.