Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вангеловски ја тужи Неделкова поради СЈО

1
By Нова ТВ on January 24, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 24, 2018 12:40

Врховниот суд денеска објави дека против поранешната претседателка на судот Лидија Неделкова поднеле кривична пријава.

Врховниот суд тврди дека поранешната претседателка на судот во својство на претседател на оддел за казниви дела во Врховниот суд изготвила писмо со невистинита содржина адресирано до кривичниот суд Скопје 1 откако истиот суд барал насоки како да се однесува со истрагите на СЈО.

Врховниот суд тврди дека екс претседателката на казнениот оддел сама одлучила и изготвила насоки како скопскиот Kривичен суд да се однесува со истрагите на СЈО. Сите одлуки и барања биле класифицирани информации. Неделкова го изготвила решението во март во 2016-та, а тоа повторно било архивирано во декември истата година пред на неа да и заврши мандатот претседател на Врховен суд.

Во одлуката за која не биле известени останатите членови на казнениот оддел стоело дека СЈО при секоја истрага морало да се легитимира и да ја докажува надлежноста за постапување пред судот.

Врховниот суд на 18-ти јануари ја поднел кривичната пријава против Неделкова до обвинителството, а вчера е известен и судскиот совет.

-До Врховниот суд на Република Македонија од Портал Судство на 17.01.2018 година доставено е барање за добивање информација за тоа дали во 2016 година Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Македонија донел став, правно мислење или заклучок во врска со легитимирањето на Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, во постапките пред судовите.

По извршената проверка во Врховниот суд на Република Македонија, утврдено е дека тогашниот Претседател на Одделот за казниви дела во Врховниот суд на Република Македонија на 25.03.2016 година изготвил писмо со невистинита содржина адресирано до Основниот суд Скопје I Скопје, во кое е наведено дека Одделот за казниви дела го разгледал барањето и дека дал одговор со кој укажал на потребата Јавниот обвинител за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите соодветно да се легитимира по однос на својата надлежност, а поврзано со конкретен кривично правен настан, иако одделот не одлучувал по тоа барање и не се произнел по барањето. Истото писмо потоа повторно е заведено со датум од 01.12.2016 година и го доставил до Основниот суд Скопје I Скопје.

Од овие причини, Претседателот на Врховниот суд на Република Македонија наредниот ден по приемот на барањето на 18.01.2018 година поднесе кривична пријава против тогашниот Претседател на Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Македонија до Основното јавно обвинителство Скопје, се вели во соопштението од Врховниот суд објавено на веб страницата.

 

Ванглевоски Врховен Кривичен Неделкова СЈО тужба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.