Новиот претседател на Врховниот суд Јово Вангеловски денеска по официјалното преземање на функцијата, изјави дека СЈО, граѓаните во РМ, Јавното обвинителство и адвокатите ќе имаат еднаков треман пред судовите.
Тој рече дека се надева дека наскоро ќе има средба со јавиот обвинител на РМ, со госпоѓата Катица Јанева, со претседателот на Адвокатската комора, бидејќи ќе мора да се остварува нормална соработка.
Во врска со неговото појавување во прислушуваните материјли во еден од разговорите со екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески за случајот Глобал, тој рече дека се сомнева оти „содржината на тој разговор може да биде и под лупа и под било каква друга опсервација затоа што содржината е таква каква што е“.
Тој не ја исклучи можноста дека во иднина повторно ќе разговара телефонски со политичари, министри или пратеници, бидејќи, како што рече,неговата фуинкција налага такво нешто.
Вангеловски е кум на поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски и се појавува во еден од прислушуваните разговори (бомба бр.11) што ги објави лидерот на СДСМ Зоран Заев. За врските на Вангеловски со фунцкионери од ВМРО ДПМНЕ, НОВАТВ пишуваше во 2015 година.