Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски не дозволил Советот за утврдување одговорност кај судија да направи увид во предметите на Специјалното обвинителство, “Тврдина“, „Таргет“. Од ова тело се пожалија дека иако денеска во 11 часот дошле во судот, судската полиција не им доволила да влезат со објаснување дека забраната дошла директно од Вангеловски.

Вагеловски побарал објаснување зошто се бара увид во списите на предметот, па дури потоа ќе одлучел дали ќе го дозволел тоа или не.

Советот најави кривична пријава за Вангеловски бидејќи им оневозможил да испитаат евентуална одговорност кај судиите кои постапувале во предметот.

Од Врховниот суд за МИА велат дека откако Советот за утврдување на факти писмено ќе го образложи барањето за пристап, Судот ќе определи време и простор.

– Во време на одржување на јавна седница по повод жалба против пресуда за доживотен затвор, ниту безбедносно ниту технички е можно извршување на активности на Советот, истакнуваат од Врховен суд.

Од Врховниот суд велат дека целокупната писмена кореспонденција помеѓу Врховниот суд и Советот за утврдување на факти е доверлива, односно  изнесувањето содржини од писмената кореспонденција со ознака ДОВ од страна на Советот претставува кривично дело.