Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вархеји: Доцнењето на евроинтеграцијата на Скопје и Тирана влијае на довербата на ЕУ во регионот

0
By НОВА ТВ Balaban on December 6, 2021 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
FOTO Prinstskrin
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Шеесет и пет отсто од економијата на Западен Балкан е поврзана со ЕУ, што ја покажува нивната логична ориентација“, рече Вархеи нагласувајќи во своето онлајн вклучување од Будимпешта и дека регионот е опкружен со земји од ЕУ.

Македонија и Албанија постигнаа многу на полето на реформите и Брисел ги поддржува нивните напори, но доцнењето на нивната евроинтеграција влијае на довербата кон Европската унија во Западен Балкан, истакна еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји на Софискиот балкански форум насловен „Време е да се врати довербата“.

Вархеји рече дека Бугарија и Македонија мора да ги решат отворените прашања и наскоро да започнат преговорите со Скопје и Тирана.

„Шеесет и пет отсто од економијата на западен Балкан е поврзани со ЕУ, што ја покажува нивната логична ориентација“, рече Вархеи нагласувајќи во своето онлајн вклучување од Будимпешта и дека регионот е опкружен со земји од ЕУ.

Според Вархеи, сите треба да се однесуваат кон земјите од западен Балкан, не како кандидати, туку како држави-членки на ЕУ. Следната година Брисел во регионот ќе инвестира 30 милијарди евра, што е една третина од бруто допашниот производ (БДП) на Западен Балкан.

Главниот преговарач во името на македонската влада, Владо Бучковски, на форумот во Софија рече дека е направено многу на различни полиња, потенцирајќи ја медиумската област, посочувајќи ги двете национални новински агенции, дека МИА има дописник во Софија, а БТА за неколку дена ќе добие акредитација и за нејзиниот дописник во Скопје.

Поранешниот премиер и министер за одбрана, Владо Бучковски рече „Македонија нема територијални претензии кон Бугарија и дека тоа ќе биде изразено во дипломатска нота, а Скопје нема намера да се меша во внатрешните работи на Софија. Бучковски рече и дека за шест години ќе има воз меѓу двата главни града, додавајќи дека Македонија ќе добие 200 милиони евра за изградба на делницата до границата со Бугарија“.

Поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси, кој раководеше со еден од панелите, рече дека ќе купи билет за првиот воз што ќе сообраќа меѓу Софија и Скопје. Тој ги повика Бугарија и Северна Македонија да најдат брзо, добро и трајно решение за спорот меѓу нив, наведувајќи како Мароко и Израел потпишаа договор за воена соработка, што беше незамисливо до пред една година.

Даниел Кадик од Европската либерална мрежа оцени дека Русија и Кина се обидуваат да ја попречат европската интеграција на Западен Балкан, и затоа сите треба да работат заедно за да се осигура дека евроинтеграција нема да пропадне.

Политичкиот аналитичар Алберт  Муслиу рече дека моќта на една земја не се мери по армијата, туку со современите достигнувања што ги постигнала на полето на економијата, бизнисот, културата и образованието.

Организатор на Софискиот Балкански форум „Време е да се врати довербата“ е бугарскиот европратеник Илхан Ќучук, кој истакна дека е важен разговорот за историјата, но истовремено не помалку важен и разговорот за иднината. Тој потсети колку е кревок мирот во различни делови на Западен Балкан, како што е ситуацијата во Босна и Херцеговина и дијалогот меѓу Србија и Косово.

„Стратешки интерес на Бугарија траба да биде Северна Македонија да стане дел од ЕУ“, истакна Ќучук.

Според него, ЕУ не може да биде геополитички играч бидејќи не е политички играч.

На форумот присуствуваа поранешни бугарски министри, пратеници и претставници на невладини организации вклучени во регионалните процеси, амбасадорите на Косово, Албанија, Турција и вршителот на должноста амбасадор на Северна Македонија во Бугарија.

Вархеји Доцнењето евроинтеграција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.