Јанис Варуфакис, поранешниот грчки министер за финансии, во Парламентот го поддржал вториот сет реформи предложен од владата на Ципрас, за да се одржи единството во Сириза, иако тој смета дека договорот предложен од европските партнери е направен за да не успее.
– Мојата цел е, и покрај несогласувањето со нашето дејствување по меморандумот, одржување на единството на Сириза, поддршка за Алексис Ципрас и Еуклид Цакалотос, рече Варуфакис.
Екс-министерот смета дека и покрај неговиот глас, тој нема да и помогне на Владата кон заедничката кауза, и смета дека тоа се должи на договорот на евро самитот, кој ги вклучува овие мерки, а е направен да не успее.
Варуфакис објаснува дека “за“ за да и помогне на партијата да добие на време за да можела да го планира новиот отпор кон авторитаризмот и продлабочувањето на кризата.




