Published: Friday, April 17, 2015 15:00
Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис вели неговата земја ќе остане во еврозоната а Владата во Атина не разгледува никаква можност за други опции.
– Нашиот единствен разумен проевропски одговор е секој момент да го поминеме будни во обидите да постигнеме договор, истакна Варуфакис во Вашингтон.
Варуфакис рече дека иако Европската комисија, Европската централна банка и ММФ треба да имаат основа за барањето за реформи, претходните мерки кои бараше остри мерки на штедење не резултирал успрешно.
– Пробавме, но тој лек не делуваше, истакна министерот за финансии на Грција.




