НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон му го исклучи микрофонот на балканскиот хор од гаврани

0
By Борјан Јовановски on February 5, 2017 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Скопје, Белград, Бања Лука и Тирана добија јасни и гласни пораки за тоа дека американската администрација нема намери да им подаде рака на ретроградните политички структури во регионот.

Само  што запеа, на регионалниот хор на гаврани му ги исклучија микрофоните. Надежта дека новата американска администрација ќе им овозможи повторно да летнат на небото над Балканот  во смртоносни формации згасна со првиот работен ден на новиот американски државен секретар Тилерсон.

Скопје, Белград, Бања Лука и Тирана добија јасни и гласни пораки за тоа дека американската администрација нема намери да им подаде рака на ретроградните политички структури во регионот кои во глобалниот неред намирисаа крв која што требаше да ги разбуди балканските вампири.

„Нивото на добра волја на Америка кон светот е уникатна и ние мораме да продолжиме да манифестираме посветеност кон личните слободи, човековото достоинство и принципиелни чекори во нашата надворешна политика,” изјави новиот американски државен секретар Рекс Тилерсон.

Само еден ден откако Тилерсон стапи на должност стигна порака до Скопје наменета за сите оние кои во Трамп сакаа да препознаат поддржувач на криминални политички структури кои во паниката која ги зафати го изгубија геополитичкиот компас флертувајќи хистерично со сите страни на светот.

„Американската политика во Македонија е да ја поддржи евроатлантската интеграција на државата и реформите потребни за напредување кон таа цел. Тоа вклучува поддршка за демократските реформи, владеењето на правото и целосно имплементирање на договорот од Пржино”, кажа портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер одговарајќи на ступидните спинови за тоа дека американскиот амбасадор во Скопје, Џес Бејли веќе ги подготвува куферите за Вашингтон.

Слични надежи до ниво на еуфорија разви и пропагандната машинерија на Милорад Додик во Бања Лука кои траеа исто колку и песната на скопскиот хор на страчките.

Американското министерство за финансии под новото раководство воведе санкции против Иран и не заборави да ја ажурира одлуката на администрацијата на Обама за тоа дека Милорад Додик е лик од Балканот чие место е на црната листа заедно со сите оние кои се обидуваат да го поткопаат кревкиот мир на Балканот.

Тажна е судбината на српските националистички перјаници. Нивните таблоиди објавуваа наслови “Шиптари у паници: Ако  победи Трамп САД стаје уз Србију”. Во оваа атмосфера Вучиќ го пушти кон Косово и оној несреќен руски воз злоупотребувајќи ги реликтите на православието во обид да издејствува нови позиции во односите со Косово надевајќи се дека насловите на неговите „курири” содржат некаква вистина за позициите на Трамп во однос на Балканот.

Се случи спротивното. Новиот прв човек на Пентагон Џајмс Матис по преземањето на функцијата кажа дека Косово треба да изгради своја армија која ќе биде одговорна за безбедноста на таа држава. Матис во неговата изјава исто така не пропушти да потенцира дека Србија и Косово меѓусебно ќе треба да се признаат пред влезот во ЕУ. И толку траеше возот на Вучиќ.

Во слична, но помалку драматична небулоза влегоа и ретроградните политички структури во Албанија во надеж дека Трам ќе им помогне да се спасат од радикалните резови во албанското корумпирано судство каде реформите силно поддржани од САД и ЕУ се во поодмината фаза. И во Тирана се собраа страчки со песна за Сорос и тоа дека тамошниот американски амбасадор е на заминување. Дента по стапувањето на должност на Тилерсон во Стејт департментот од американската амбасада во Тирана стигна соопштение.

„САД се заложија пред граѓаните на Албанија дека ќе го следат секој чекор на имплементацијата на судските реформи. Обидите за спречување или дискредитирање на реформските процеси нема да не поколебаат да осигураме тие реформи да продолжат и да ги спречиме политичките манипулации и корупцијата во судството . Вие го имате нашето ветување,” стои во соопштението на американската амбасада во Тирана со кое најексплицитно им се дава до знаење на ретроградните политички структури во таа држава дека нивното време е минато.

Овие потези на новата американска администрација можеа лесно да се предвидат што не значи дека официјален Вашингтон со иста динамика и посветеност како онаа на администрацијата на демократите ќе продолжи да ги поддржува евроинтеграциските процеси на земјите од Западниот Балкан. Ако може воопшто да се предвидува по сите настапи на Трамп и изјавите на неговите високи претставници, интересот на американската дипломатија за јакнење на европските интеграциски процеси ќе се намали ако воопшто и преживее. Новата американска администрација ќе загуби на интензитет во ангажманот во реформските процеси на овие држави неопходен за нивна интеграција во ЕУ. Сепак, по првите јасни сигнали од Вашингтон, американската дипломатија ќе продолжи да ги остварува заложбите превземени со нивни потпис во договорите каков што е оној од Охрид, Дејтон и Брисел кои ја создадоа новата политичка карта на Балканот во која нема место за Москва и други експерименти.

Дефицитот на американска поддршка за реформите процеси кој може да се очекува од Трамп ќе треба да го надомести ЕУ но пред се граѓаните на земјите од овој регион. Романците дадоа извонреден пример кој треба да се следи.

 

 

 

 

Баља Лука Белград Вашингтон Скопје Тилерсон Тирана
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Светска банка одобри грант 47,9 милиони долари за основното образование во Пакистан

August 25, 2025

Русија и Украина денеска разменија по 146 заробеници

August 24, 2025

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025
ФОКУС

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

ВЕСТИ August 24, 2025

На 24 август Украина го одбележува најголемиот државен празник – Денот на Независноста. Денот е…

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.