Вашингтон во петокот објави новa серија тајни документи во врска со убиството на американскиот претседател Џон Фицџералд Кенеди што се случи на 22 ноември 1963 година.
Речиси 680 датотеки се објавени, вклучително и 553 датотеки што никогаш не биле објавени претходно, бидејќи ЦИА се спротивставувала, наведувајќи ја како причина за националната безбедност.
Во архивите објавени на интернет можат да се најдат документи на Министерството за правда, Министерството за одбрана и на Парламентарната комисија што спроведе истрагата за убиството на Кенеди.
Комитетот заклучи дека убиецот е Ли Харви Освалд. Но теориите на заговор, книгите и филмовите на таа тема ни до денес не престанаа. Експертите сметаат дека милионските страници нови документи веројатно не содржат суштинско откритие.
По трет пат оваа година Националниот архив на САД објави серија на досиеја, во кои се бара сите документи поврзани со претседателот Кенеди да се објават во рок од 25 години. Архивот веќе има објавено 3810 досиеа на 24 јули и уште 2891 на 26 октомври.




