Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон Пост: Шефицата на ЦИА ја убедувале да не се повлече

0
By Нова ТВ on May 7, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 7, 2018 09:51

Кандидатката за директор на ЦИА, Џина Хаспел, која за таа функција ја номинираше американскиот претседател Доналд Трамп, сакала да ја повлече кандидатурата поради стравувањата за нејзината улога во програмата на агенцијата за распити, пишува „Вашингтон пост“.

Американскиот весник цитира четворица анонимни високи претставници на Администрацијата на Трамп според кои, Хаспел во петокот била повикана во Белата куќа, за да се разгледа нејзината улога во програмата за распити во која биле употребени техники, за кои многумина сметаат дека се мачење. Таа рекла дека ќе се повлече за да го избегне тешкото сослушување во сенатската комисија за разузнавање.

Потоа Хаспел се вратила во централата на ЦИА во Лангли, Вирџинија. Тогаш повеќе функционери од Белата куќа, меѓу кои и портпаролката Сара Сандерс, брзо заминале таму на неколкучасовни итни разговори со неа. Во саботата попладне Хаспел ја уверила Администрацијата на Трамп, дека нема да се повлече.

Ако Сенатот на САД го потврди изборот на Џина Хаспел, таа ќе биде првата жена, која ќе раководи со американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА). Откако Трамп го разреши државниот секретар Рекс Тилерсон, а на негово место го именува досегашниот директор на ЦИА, Мајк Помпео, за негова наследничка ја предложи Хаспел, досегашната заменичка директор на Aгенцијата.

Хаспел е позната како раководител на таен затвор на ЦИА на Тајланд, во кој осомничените за тероризам наводно биле измачувани.

– Хаспел, која има големо искуство во ЦИА во странство, раководеше со таков затвор кус период во 2002 година, кога со техниката симулација на давење се измачувани Абу Зубајадах и Абд ал Рахим ал-Нашири, изјавија неименувани претставници на ЦИА.

Тие додаваат дека Хаспел, исто така, учествувала и во уништување на видео снимка од симулација на давење на затвореници. Поради уништувањето на снимката беше покрената и истрага од страна на американското Министерство за правда, што заврши без подигнување на обвинение.

ЦИА последен пат ја употреби симулацијата на давење пред повеќе од 10 години. Таквата тактика на испитување на осомничените за тероризам беше одобрена од администрацијата на поранешниот претседател Џорџ Буш Помладиот.

Хаспел работи во ЦИА од 1985 година и раководеше со повеќе канцеларии во странство.

Американскиот сенатор Џон Мекејн изјави дека „Хаспел треба да ја објасни вмешаноста во програмата за испитување на ЦИА“ пред Сенатот да ја избера за директорка на Агенцијата.

Претставник на организацијата Американска унија за заштита на граѓанските слободи, Кристофер Андерс побара од ЦИА да објави документи за активностите на Хаспел поврзани со мачењето на затвореници, пред Сенатот да одлучува за нејзината нова функција.

– Џина Хаспел беше централна личност во еден од најнелегалните и најсрамни поглавија на модерната американска историја, посочи Андерсон.

Групите за заштита на човековите права остро реагираа и во февруари минатата година, кога Хаспел беше именувана за заменик директор на ЦИА поради нејзините активности во минатото.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.