Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вашингтон: Веруваме дека Трамп сака да ја заврши војната, изјави Зеленски по средбата во Белата куќа

0
By Zoran Ivanov on October 18, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 18, 2025 11:19

Веруваме дека претседателот Доналд Трамп сака да ја заврши војната“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски на прес-конференција по средбата со американскиот шеф на државата во Белата куќа.

Зеленски ја опиша средбата со Трамп како продуктивна, пренесоа светските медиуми.

Украинскиот лидер одби да даде каква било изјава во врска со потенцијалната испорака на ракети „Томахавк“ од САД во Украина.

Разговаравме и за ракети со долг дострел и нема да давам никакви изјави за ова прашање. Решивме да не зборуваме за ова бидејќи САД не сакаат ескалација, објасни Зеленски.

Кога беше прашан дали има оптимизам во врска со добивањето на ракети „Томахавк“, Зеленски одговори дека „гледа на работите реално“. Украинскиот лидер го изрази своето мислење дека Русија се плаши од овие ракети бидејќи знае што можат Украинците да постигнат со нив, во комбинација со другите системи за оружје кои ги има државата.

Украинскиот претседател рече дека тој и Трамп разговарале за прашања поврзани со системите за воздушна одбрана.

Зеленски посочи дека не разговарал со Трамп за украинските напади врз руските енергетски објекти.

Украинскиот претседател, исто така, нагласи дека е подготвен за билатерални или трилатерални средби, за какви било формати што можат да придонесат за брзо постигнување мир. Зеленски рече дека разговарал со Трамп за безбедносните гаранции за Украина. Тој истакна дека Трамп разбира дека најтешките прашања во какви било потенцијални разговори за Украина ќе бидат територијалните прашања.

Зеленски, исто така, рече дека по средбата со Трамп, разговарал со стратешките партнери на Украина.

Украинските медиуми објавија дека по средбата со Трамп, украинскиот претседател разговарал со европските лидери.

 

војната Зеленски тѕрамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.