Published: Thursday, August 27, 2015 22:27
Претседателката на Врховниот суд Василики Тану е именувана за привремен премиер и треба да состави времена влада, која ќе ја води земјата до предвремените избори следниот месец.
Василики Тану е првата жена на премиерската функција во Грција. Таа треба да положи заклетва откако претседателот Прокопис Павлопулос го потиша указот за нејзинот назначување на функцијата. Изборите во Грција се очекува да се одржат на 20 септември.
Досегашниот премиер Алексис Ципрас поднесе оставка минатата недела, седум месеци по изборот. Неговата коалициска влада беше погодена од внатрешен бунт од левичарската крило на Сириза поради одлуката да ги прифати условите за штедење со новиот пакет помош за земјата.




