Апсењата во Белгија и во Грција немаат никаква врска помеѓу нив, објави белгиското обвинителство кое работи врз истрагата за џихадистичката акција во текот на која изминатата недела беа убиени двајца осомничени џихадисти. Во Белгија беа уапсени повеќе лица истото се случи и во Атина во саботата.
Грчки полициски извор рече дека четири лица биле уапсени и дека нивните отисоци им биле испратени на белгиските власти за да се види дали лицето Абделхамид Абауд се наоѓа помеѓу овие лица уапсени во Грција. Белгија тврди дека ова лице е шефот на џихадистичката мрежа која планираше атентати во Белгија но во тоа беше спречена со белгиската полициска акција изминатата недела.
Утврдено е дека ова лице не се наоѓа помеѓу уапсените во Атина.
Абделхамид Абауд, 27 годишен Белгиец со мароканско потекло војувал во редовите на организацијата Исламистичка држава во Сирија и се појавува во едно видео каде што се фали со извршени убиства додека вози во една кола натоварена со мртви тела. Според белгиските медиуми тој телефонирал во Грција, кај братот на едниот од двајцата осомничени џихадисти убиени пред неколку дена во анти терористичката операција на белгиската полиција.
Планираната акција на осомничени џихадисти во Белгија имала за цел на убива полицајци во целата земја.




