Published: Thursday, June 15, 2017 10:12
Вечерва ќе го дознаеме името на новиот премиер или премиерка на Србија.
Претседателот Александар Вучиќ свика прес конференција во 18 часот на кој тој треба да го соопшти името на новиот премиер.
Името на новиот шеф на српската влада е голема мистерија деновиве во Србија откако Вучиќ седна во престедателската фотелја на нашиот северен сосед.
Српските медиуми се обидуваат да дознаат кој ќе го замени Вучиќ на премиерската фотелја и шпекулираат со три имиња: Ана Брнабиќ која не е во ниту една партија, лидерот на Социјалистичката партија на Србија и актуелен министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ и градоначалникот на Нови Сад и функционер на Српска напредна партија, Милош Вучевиќ.




