Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го прослави 26 партиски роденден. Слоганот е „Идеја и дело – посилни од се“, а прославата ќе пред одржи во Музејот на ВМРО во 20 часот.

ВМРО ДПМНЕ во историјата на независна Македонија била во власта два пати – еднаш од 1998 до 2011 кога кабинет формираше Љубчо Георгиевски и од 2002 наваму под водство на Никола Груевски. Тоа се и единствените партиски лидери кои се промениле во овие 26 години.

Минатиот роденден партијата го прослави пред новото партиско седиште во Центарот на Скопје со што зградата свечено беше ставена во функција. Таа е најобезбедуваната зграда во државата во моментов, заедно со Музејот на ВМРО кои се под полициска заштита 24/7 откога започнаа протестите.

По повод прославата, партијата изработи и кусо промо видео како најава.