Грција вечерва ја потресе земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер. Потресот се случи 22 минути по полноќ, а е почувствуван и во Бугарија и во јужните делови на Македонија, во Гевгелија, Струмица, Валандово. Епицентарот на земјотресот бил 22 километри јужно од Дојран.
Македонските граѓани кои живеат во близина на грчката граница, на социјалните мрежи пишуваат дека земјотресот силно здрмал и многу ги вознемирил.
Засега нема информации за евентуални штети или жртви.