Распишувањето и оддржувањето на изборите на петти јуни, може да се одложи до 15 април, наместо на 7 април, како што најави претседателот на Парламентот Трајко Вељаноски во телевизиско интервју пред два дена:
– Како претседател на Собранието на Република Македонија, условно, можам да тактизирам наместо на седми април до петнаесети април да го потпишам решението за распишување и оддржување на изборите на петти јуни, за да и дадам можност на ДИК за продолжување, условно, на некои работи доколку евентуално не се завршени.
Тоа се однесува околу делот на Избирачкиот список, бидејќи многу активности во ДИК за време на спроведувањето на изборите зависат од денот на потпишување на решението за распишување на избори од страна на претседателот на Собранието. Поради тоа јас по распуштањето на Собранието ќе разговарам со претседателот на ДИК и ќе му ја дадам таа опција за да може да имаат уште повеќе време за да ги дозавршат работите што би требало, рече Вељаноски.