Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија ги прекинува билатералните контакти со Русија

2
By Нова ТВ on March 14, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, March 14, 2018 14:24

Британската премиерка, Тереза Меј денес изјави дека раскинува билатерални контакти со Русија и најави дека 23 руски дипломати мораат да ја напуштат земјата.

Според Лондон, Русија е виновна за труењето на екс-разузнавачот, Сергеј Скрипал на британска територија.

„Овие 23 дипломати се идентификувани како разузнавачки агенти што тајно работеле“, изјави Меј и додаде дека имаат една недела за да ја напуштат Велика Британија.

„Нема ниту едно друго објаснување освен тоа дека руската држава е виновна во обидот за убиство на г-дин Скрипал и неговата ќерка“, рече Меј пред Парламентот.

Поранешниот двоен агент Скрипал и неговата ќерка Јулија, беа најдени без свест на 4.март на клупа во Салисбери на југот на Англија.

Меј најави и раскинување на сите билатерални односи со Русија која во Велика Британија има 59 дипломати.

Помеѓу санкциите, исто така Обединетото Кралство одлучи министрите и Кралското семејство да го бојкотираат Светското првенство во фудбал кое летово се одржува во Русија.

Лондон постави ултиматум пред Москва со барање Русија да даде објаснување за труењето на Скрипал. Рокот истече во вторникот на полноќ:

„Од наша страна беше праведно што на Русија и дадовме шанса да даде објаснување но нејзината реакција покажува тотален презир кон овие тешки настани. Тие не дадода ниту едно кредибилно објаснување. Наместо тоа, употребата на невротоксичен гас ја третираат со сарказам и презир“, додаде Премиерката.

Меј оцени дека по овој “ужасен акт” односите помеѓу двете земји не можат да останат исти како порано.

Во своето обраќање на Парламентотн Меј рече дека “жали” поради патот по кој решила да оди руската дипломатија и рускиот претседател:

„Многумина помеѓу нас со надеж гледаа кон пост-советската Русија. Сакавме подобри односи и трагично е што претседателот Путин одлучи да тргне по друг пат“.

Овој развој на настаните се случува неколку дена пред изборите во Русија на кои Владимир Путин ги има сите шанси да биде повторно избран на претседател.

Руската амбасада во Лондон експресно реагираше на изјавите на Меј кои, според амбасадата, се “непријателски”, “неприфатливи” и “неоправдани”. Според Русиј  “сета одговорност за влошувањето на односите помеѓу двете земји треба да ја превземат британските лидери и никој друг”, писмено соопшти амбасадата.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.