Пред 800 години, англискиот крал Џон од Англија ја потпиша Магна Карта, документот кој го ограничува кралот и вели тој не е над законите, и која со текот на годините стана симбол за чесно судство, слобода на Црквата и ограничување на оданочувањето.
Џон ја потпишува Магна Ккарта под притисок на бунтовничките барони, кои го принудиле да ја потпише Големата повелба за правата.
Иако почнал како проблематичен мировен договор на неуспешниот крал и на побунетите благородици во јалов обид да се избегне граѓанската војна, Магна Карта во идните столетија ќе се развие во еден од најважните историски документи и денес се почитува како темел на претставничката власт и на демократизацијата и зачеток на почитувањето на човековите права.
Магна карта е напишана на латински јазик на овча кожа. Има околу 3.500 зборови. Четирите сочувани копии ги препишувале различни писари, па поради печатни грешки не се целосно исти.
Во 1215 година, напишани се 20 копии од кои само четири преживеале. Две од нив се чуваат во Британската библиотека во Лондон, еден примерок има во катедралите во Сализбури и во Линколн.




