Велика Британија се откажа од претседателството со Европската унија кое беше предвидено за втората половина на 2017 година.
Новата британска премиерка Тереза Меј денес му се јавила на првиот човек на ЕУ Доналд Туск за да му ја соопшти оваа одлука. И со тоа го направи првиот конкретен “брегзит” чекор за излегување на Велика Британија од ЕУ.
Меј му рекла на Туск дека нејзината земја “ќе биде зафатена со преговорите за напуштање на ЕУ”.
Веднаш се јави Белгија која предложи таа да ја замена Велика Британија од јули до декември 2017 година.
Белгија е на располагање да ја води ЕУ во вториот семестар на 2017 година, соопшти министерството за надворешни работи.
“Белгија е подготвена да го преземе претседателството”, изјави портпарол на министерството.
Белгија ја водеше ЕУ во 2001 и 2010 година а според ротирачкиот список редот и доаѓа дури во 2024 година.
Белгија е позната како ефикасен шретседавач на ЕУ а белгиско претседателство би ги намалило трошоците поради тоа што ЕУ институциите се лоцирани во Белгија.