Published: Saturday, May 2, 2015 17:53
Кејт, сопругата на принцот Вилијам, денес роди девојче. Бебето се роди со 3.7 кг и таа е четврта во редот на наследници на британскиот престол, најави денес Кенсингтонската палата.
Веста веднаш го обиколи светот па НОВА сметаше дека таа заслужува да најде место на нашиот сајт. Информацијата предизвика и експлозија на радост пред болницата Сент Мери во Лондон каде што многу луѓе чекаа да слушнат новости откако утринава Кејт беше примена во болница.
«Кралската Алтеса Војводката од Кембриџ денес во 9.34 часот донесе на свет девојче. Бебето тежи 3.7 кг», објави кралската палата и додаде дека принцот Вилијам присуствувал на раѓањето.




