Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Велика Британија со загуба од близу 33 милијарди евра поради Брегзит

0
By Соња Крамарска on February 14, 2023 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Студијата на Банката на Англија покажува дека Велика Британија претрпе загуба на деловни инвестиции од референдумот за излегување од ЕУ во 2016 година, во вредност од 29 милијарди фунти или 1.000 фунти (1.130 евра) по домаќинство.

Џонатан Хаскел, надворешен член на деветчлениот комитет за монетарна политика на Банката на Англија, кој ги одредува каматните стапки во Велика Британија, изјави дека инвестициите во приватниот сектор по Брегзит биле „запрени“ по одлуката за напуштање на Европската унија, пренесува Танјуг, повикувајќи се на на Гардијан.

Тој рече дека веднаш по гласањето, Обединетото Кралство почна да заостанува зад трендот од претходните шест години и „страдаше многу повеќе“ во споредба со другите големи индустријализирани економии, отворајќи јаз во продуктивноста што остави трајни лузни.

Студијата на Хаскел и неговиот тим веројатно ќе поттикне загриженост дека гласањето за Брегзит и стратегијата усвоена од поранешниот премиер Борис Џонсон за напуштање на единствениот пазар на ЕУ и царинската унија предизвикаа непоправлива штета на економијата на Обединетото Кралство.

На таен меѓупартиски самит минатата недела се разговараше за тешкотиите на Велика Британија по напуштањето на ЕУ и што може да се направи за да се подобри ситуацијата.

Повеќето студии кои ја разгледуваат загубата на националниот доход или бруто домашниот производ (БДП) на Обединетото Кралство се фокусирани на трговијата.

Извор: Ал Џезира

брегзит Велика Британија Загуба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.