Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венецуела: Општински избори на денот кога е забранет алкохол

0
By Нова ТВ on December 8, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 8, 2013 10:09

Во Венецуела се одржуваат општински избори, каде на сила е традиционалниот таканаречен „сув закон”, односно забрана за точење алкохол за време на изборниот ден, соопштија локалните власти.

Повеќе од 19 милиони гласачи ќе избираат речиси 350 градоначалници и околу 2.500 членови на градските совети. Во целата земја ќе бидат отворени повеќе од 13.600 избирачки места.

Карактеристично е што овие избори се одржуваат во денот на од неодамна воспоставениот официјален празник – Денот на љубовта и верноста кон командантот Чавез.

Во трка се владејачката Обединета социјалистичка партија и демократската опозиција, а според аналитичарите, власта ќе се обиде да ја зајакне својата позиција во локалните власти каде што според резултатите од регионалните избори кои се одржаа во декември 2012 година актуелниот режим успеа да победи во 20 од 23 сојузни држави. Опозицијата, пак, ќе се обиде да ја поврати своја позиција на управување на локално ниво.

За безбедноста на изборите ангажирани се 120 илјади војници и уште 40 илјади припадници на боливарските милициски групи. Покрај забраната за продажба на алкохол на денот на одржувањето на изборите, исто така, забрането е и носење огнено оружје и покрај поседувањето оружје па дури и за лицата од составот на безбедносните сили, освен оние кои се ангажирани за одржување на редот на изборниот ден.

Венецуелскиот изборен законик забранува објавување на резултатите од излезните анкети, сѐ до моментот на објавувањето на првиот официјален извештај за резултатите од гласањето.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.