Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Венецуела: Црвениот крст носи хуманитарна помош, Русија ќе тренира пилоти

0
By Нова ТВ on March 30, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 30, 2019 10:07

Црвениот крст соопшти дека за две недели ќе започне со дистрибуција на помош за Венецуела.

Шефот на Меѓународниот црвен крст, Франческо Рока изјави дека за почеток  ќе се обезбеди помош за 650.000 луѓе кои се соочуваат со недостиг на храна и лекови.

-Ние проценуваме дека во период од околу 15 дена ние ќе бидеме подготвени да понудиме помош. Се надеваме дека ќе им помогнеме на првите 650.000 луѓе, изјави Рока на прес-конференцијата во Каракас.

Според него, Венецуела ги исполнила условите за хуманитарна работа што треба да се спроведе, истакнувајќи дека Црвениот крст треба да има услови да дејствува со “непристрасност, неутралност и независност” и да нема мешање од ниту една страна.

Мадуро дозволи помош

Голем дел од земјата е во мрак поради континуираната криза со електрична енергија.

Според Владата во Каракас, прекините се резултат на саботажа, што треба да го принудат претседателот Николас Мадуро да поднесе оставка од функцијата.

Кризата со струја најмногу ги погоди болниците, јавниот транспорт, снабдувањето со вода и другите услуги, со што целокупната економска ситуација во земјата дополнително се влоши.

Согласноста на владата на Мадуро да дозволи Црвениот крст да достави помош, според лидерот на опозицијата, Хуан Гуаидо е знак дека тој “го признал својот неуспех со прифаќањето на сложената хуманитарна вонредна ситуација”.

Гуаидо на Твитер објави дека ова  е “голема победа во нашата борба”.

Мадуро допрва треба јавно да го објави ова, но според аналитичарите тој тоа најверојатно ќе го претстави како последица на економската војна поддржана од Вашингтон.

САД ја поздравија најавата како “вистинска можност”, истакнувајќи дека “би било добро и делот од нивната помош да се најде во оваа пратка“.

Поради хиперинфлацијата и недостигот на намирници, голем дел од населението е гладно и без неопходните лекови.

Вчера Мадуро ја блокираше помошта од Кина.

Во февруари, Мадуро ја употреби армијата за да го блокира обидот на Гуаидо за да ги донесе конвоите со помош поддржани од САД. Мадуро го сметаше конвојот со помош за прекриена американска инвазија.

Гуаидо, кој претседаваше со Собранието под контрола на опозицијата, се прогласи за привремен претседател во јануари, добивајќи поддршка од повеќе од 50 земји, вклучувајќи ги и САД.

И Мадуро и Гуаидо тврдат дека се уставни претседатели на Венецуела.

Набрзо откако Гуаидо се прогласи за привремен лидер, неговите средства беа замрзнати, а Врховниот суд, во кој доминираат лојалистите на власта, му стави забрана за патување.

Но, 35-годишниот лидер на опозицијата се спротивстави на оваа забрана минатиот месец кога ги посети земјите од Латинска Америка за да добие поддршка.

Гуаидо континуирано бара од Мадуро да се повлече и ги повика безбедносните сили, кои главно беа лојални на владата, да ја сменат страната.

Улогата на Русија

Пред една недела, во главниот град на Венецуела слетале два руски авиона, воено-транспортниот Ан-124 и патничкиот Ил-62, со 99 руски војници предводени од Василиј Тонкошкуров, раководител на Главниот штаб на копнените сили на Русија, и со товар од 35 тона, објави венецуелското издание „Нотисиера дигитал“.

При слетувањето, авионите биле штитени од контингент на националната гарда на Венецуела, пишува Гардијан. Според руски Спутник, станува збор за дел од договор за техничка и воена соработка меѓу двете земји, а властите во Каракас појаснуваат дека воената опрема е со цел обучување на венецуелската армија.

Претходно повеќе медиуми објавија дека кон крајот на јануари во Венецуела пристигнале воени лица од руската приватна воена компанија „Вагнер“ за заштита на претседателот Николас Мадуро. Првата група на наемници пристигнала уште пред претседателските избори лани во мај, додека втората „неодамна“.

По ова, Гуаидо го повика населението да се подготви за „Операцијата Слобода“, што ќе доведе до преземање на власта во Венецуела.

-Време е да се подготвиме за „Операцијата Слобода“ и за вршење максимален притисок врз Владата за конечно да се стави крај на узурпацијата. Сите, апсолутно сите имаат улога во оваа фаза на нашата борба, порача Гуаидо на Инстаграм.

Тој најави „формирање специјални комитети низ целата држава“.

Вчера свечено е отворена воена школа за пилоти на хеликоптери, соопшти Рособоронекспорт, руска компанија за продажба на оружје.

Венецуелските пилоти ќе се обучуваат за користење хеликоптери Mi-17V-5, Mi-35M и Mi25T во услови блиски на вистински.  Свеченоста е одржана во присуство на руски и венецуелски експерти, но Давиденко не прецизира каде е тренинг кампот.

Наставниот центар е основан врз договор меѓу венецуелска анонимна компанија за воена индустрија (CAVIM) и Рособоронекспорт што е дел од рускиот воено-индустриски комплекс Ростех.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.