Published: Sunday, January 31, 2016 12:24
Најмалку петмина загинаа а 30 се повредени во верижен судир кој се случи на автопат во западниот дел на Словенија. Како што известува полицијата, се судриле околу 70 возила, меѓу нив и автобуси и камиони.
Се верува дека причина за несреќата е густа магла и намалена видливост.
Несреќата се случи на автопатот кој ја поврзува Љубљана со Јадранскиот брег и патот таму е затворен за сообраќај.
Ова е најсмртоносниот верижен судир во историјата на Словенија.




