Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вештачката интелигенција ќе ја намали профитабилноста на музиката

0
By Marija Todorovska on December 5, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 5, 2024 10:03

Запазувањето авторски права и приходите ќе бидат драстично намалени.

Научно истражување нарачано од Меѓународната конфедерација на здруженија на автори и композитори (МКЗАК) посочува дека вештачката интелигенција може значително да ги загрози приходите на вработените во музичката индустрија.

Испитувањето е спроведено од агенцијата за истражување и консултации „ПМП Стратеџи“ (PMP Strategy). Според наводите, вработените во музичкиот сектор ќе изгубат речиси следните четири години четвртина од приходите поради генеративната вештачка интелигенција (ВГИ). Покрај музичарите, и вработените во аудиовизуелниот сектор ќе се соочат со пад на приходите за повеќе од 20 отсто, паралелно со растот на пазарот на ВГИ од три милијарди на проектираните 64 милијарди евра годишно, до 2028 година. Заклучоците од истражувањето ги објави МКЗАК вчера во Париз, Франција.

Конфедерацијата претставува повеќе од пет милиони автори ширум светот.

Потпретседателот на МКЗАК, режисерот и сценарист Анхелес Гонзалес-Синде Рег рече дека ВИ-алатките можат да ја поддржат и зајакнат работата на филмаџиите, но исто така, постои „огромна загриженост дека во брзањето да се искористи и монетизира ВГИ, креаторите ќе бидат третирани како „со ретроспектива“, без право на овластена употреба на нивните дела.

Истражувањето ја нагласува потребата од етички и економски здрави политики коишто ги ставаат правата на создавачите во самото средиште на светот на ВИ. Човечките креатори мора да бидат во средиштето на креирањето на политиките и регулативата, рече тој.

Од друга страна, пак, според наводите, брзиот раст на ВИ значително ќе ги збогати големите технолошки компании. Извештајот вели и дека без регулаторна заштита, запазувањето авторски права и приходите ќе бидат драстично намалени.

Претседателот на МКЗАК и поранешен член на „АББА“, Бјорн Улвеус ги истакна Австралија и Нов Зеланд како водечки земји во обликувањето на политиките за заштита на креативците од ВГИ. Политиките на тие земји, според неговата проценка, би можеле да обезбедат ВИ да служи како алатка за подобрување на човечката креативност, а не да ја замени.

Вештачка интелигенција истражување музика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.