Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ветувањето за премиер Албанец не ги донесе очекуваните поени за ДУИ и за ВМРО-ДПМНЕ

0
By Нова ТВ on July 2, 2020 ВЕСТИ
Фото: almakos.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пишува: Фејзи Хајдари, аналитичар и сопственик на „Лајм“

„На запад ништо ново“ е наслов на познатата книга. И во Мала Речица, изгледа нема ништо ново. Се рециклираат стари ветувања на ДУИ, кои бидејќи не се остварени десет и повеќе години, слободно можеме да ги наречеме лаги. Разликата е што сега ни се нудат во ново пакување, преку Насер Зибери. Упорно се турка логиката дека на голема лага (премиер Албанец) треба да се верува повеќе отколку на вистината и на реалноста, реалност која, рака на срце, повеќе кажува дека ДУИ ќе оди во опозиција, отколку дека ќе добие премиерска функција. Упорно се турка и логиката дека ако старите лаги ги кажува нов политички лик, (Насер Зибери), се лаги на кои треба да дадеме уште една шанса. Изопачена логика, која нема потреба за коментар! Упорно се турка оваа антилогика, со скапа, милионска кампања. Упорно, но безуспешно. Мислам дека се случува нешто надвор од проектираните очекувања кои ги имал ПР тимот на ДУИ, кога оваа партија излезе со предлог за премиер Албанец.

Очекувањата на агитпропот на ДУИ сигурно биле дека само кога ќе споменат премиер албанец, сите Македонци ќе станат на нозе и хистерично ќе кажат „не може премиер албанец, мора да биде Македонец“. Па, се очекувало Јанко Бачев да организира протести, а „Тврдокорните“ да ги поплават улиците, по можност и да кршат и демолираат објекти. Да се создаде меѓуетничка тензија и простор ДУИ да им каже на албанците „нели гледате дека сите Македонци се против нас, затоа вие за нивен инает дајте го гласот за Али Амети и за ДУИ“. Колку за да ги добијат уште еднаш албанските гласови на изборите. А после изборите, како многу пати досега, тие гласови да ги конвертираат (уновчат) во милионски тендери, а од барањето за премиер албанец да се откажат преку веќе стандардното, шепотливо оправдување „западните дипломати ни велат оваа барање да го одложиме за подоцна“.

Дежаву

Ова е нешто веќе видено (Дежаву). Барем во стратегијата на предизборно делување на ДУИ. Свежи се сеќавањата како ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски, не само што се препукуваа вербално за време на предизборна кампања, туку си вадеа и оружје и униформи (на сликите и билбордите), иако беа владини партнери. И таман чиниш дека ќе пукаат и ќе се испотепаат меѓу себе, изборите завршуваа, а после тоа сложно, тендеро-братски си делеа бизниси (а богами и судски и обвинителски позиции).
Тука го засновувам мојот впечаток дека и во оваа предизборна кампања ДУИ очекувала голем број на Македонци да се фатат за оружје и да се борат против премиерот Албанец, со надеж дека сите тие после ќе се наклонат кон ВМРО-ДПМНЕ. Зошто?

ДУИ од поодамна не се сигурни за својата победа во албанскиот блок, па се надеваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со пристојна разлика пред СДСМ, доволна за да ги земе во Влада, дури и ако освојат помалку гласови од коалицијата Алијанса-Алтернатива (што во моментот изгледа доста реално).
На вакво размислување ме наведува и тајмингот кога ДУИ го извади својот предлог за „премиер Албанец“. Тоа не го направија кога изборите беа договорени на 12 април, иако предизборната кампања беше започната. Ниту во времето кога силно се насетуваше нивниот пораз од коалицијата АА-Алтернатива. Можеби и никогаш немаше ни да излезат со таков предлог, ако не се појавија сериозните анкети на ИРИ и ИФЕС, кои покажуваа дека СДСМ повторно води пред ВМРО-ДПМНЕ.

Тогаш ДУИ излезе со својот предлог, токму со надежта дека ќе го подбуцне кај Македонците чувството дека се загрозени од „клетите шиптари кои згора на се, сега бараат и премиер“, и дека од оваа „опасност“ најдобро може да ги одбрани ВМРО-ДПМНЕ. Нешто што впрочем, најдобро од сите досега, го има кажано и дефинирано никој друг, туку самиот кандидат за премиер Албанец, Насер Зибери. Неколку дена пред да го добие „мандатот“ за премиер, Зибери во интервју за една телевизија од Тирана оцени дека овој предлог на Али Амети е „прикаска“ и дека можеби има за цел да обезбеди 60 пратеници на ВМРО-ДПМНЕ.

Зарем ова не остава доволно место за сомнеж дека идејата за премиер албанец не им е автохтона, туку нарачана од некој друг? – Или пак, е идеја стигната од Будимпешта, во „гепек“ преку диви гранични премини? – За среќа, јавноста го прочита ова и не се случи никаква хистерична реакција. Напротив. Се забележува сосема спротивно расположение кај Македонците, од расположението кое го очекувало ПР тимот на ДУИ. Колку што забележувам, ретко кој Македонец е загрижен или е против тоа Албанец да биде премиер на Македонија, ако е личност достојна на таа функција. Единствено што се забележува е заедничката зачуденост и на Македонците и на Албанците, а и кај сите други, од тоа кај им текна баш сега на ДУИ повторно да се појават со барања со етнички предзнак, кога уште од поодамна единствен етнички и идентитетски предзнак им се тендерите. (Зачуденост пропратена со дилемата дали Насер Зибери е вистински предлог за премиер, или можеше да има подобар, после негово долгогодишно паузирање од политиката, и посветување исклучиво на нотарската професија, како и прашањето кое го поставуваат многу албанци зошто да гласам за Насер Зибери, кога можам да гласам за Зијадин Села да стане премиер?).

Нејсе, да се вратиме на главното! Нема антиалбанска хистерија кај македонците, нема материјал ДУИ да се чатали како патриотска партија, која ќе ги брани Албанците од македонскиот национализам. Ова е нешто што треба да радува. Но, во конкретниот случај и да загрижува. ДУИ не е партија која може да се пофали со остварени проекти во интерес на своите гласачи, пропорционално на стажот кој го има на власт. Уште полошо, иако е 18 години на политичката сцена, ДУИ не покажува капацитети за подготвување на сериозна програма со сериозни и остварливи проекти за иднина. Ако нема остварени проекти, а згора на тоа ниту сериозни проекти за иднина, со што ќе излезе ДУИ пред гласачите, кога предлогот за премиер Албанец секојденевно станува се поблед?

Единствена карта на која можат да играат им е патриотизмот, колку и да е лажен. Нивниот обид со провокација на македонската јавност преку премиерот Албанец не мина. Не верувам дека ќе им се оствари желбата дека ќе ги провоцираат Македонците со барањето дека „македонските деца ќе морат да учат албански јазик во училиште“. Искажана од устата на Насер Зибери, кој никогаш немал проблем, туку предничел со неговиот македонски јазик пред другите поранешни министри на ПДП, овој став звучи многу вештачки. Имаше ДУИ и како партија вакви барања порано, но се откажуваше веднаш кога ќе дојдоа на дневен ред тендерите. И сега не верувам дека тој предлог им се сериозен. За таа цел, не може да биде предмет за посериозна анализa.

 

ветување ВМРО-ДПМНЕ ДУИ Избори 2020 Премиер Албанец Фејзи Хајдари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

ВЕСТИ September 15, 2025

На плоштадот во Скопје, утре симболично во 20:16 часот, ќе се одржи тивок собир за…

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025

Брисел: Албанија се поблиску до ЕУ – отвора уште еден кластер во преговорите

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.