Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Виа Динарица станува се подобра

0
By Нова ТВ on November 11, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 11, 2019 16:43

Еден мирен понеделник, 11 часот, наскоро ќе почне да врне во малото село Алагина Река на планината Ругова, која е целата зелена од боровата шума. Фетије Никичи во шпоретот на дрва пече пита со сирење додека Хозефа Индоревала, гледајќи од тремот во небото размислува колку високо се искачиле во планината неговите пријатели и колку сигурни се мокри од дождот додека се враќаат на ручек.

Фетије (46) и нејзиниот сопруг Мустафа (58), се сопственици на преноќиште на планинарската патека Виа Динарица која се протега долж целиот Западен Балкан. Хозефа (29) е програмер од Германија, кој тргнал на двонеделна кружна планинарска тура по Динарските Алпи, од селото Тет во Албанија, преку Плав во Црна Гора и назад до Тет, преку Алагина Река на Косово.

Подобри патеки – заемна полза

Хозефа и неговите шест пријатели се првата генерација планинари кои ги користат означените делниците од патеката Виа Динарица на Косово кои оживееја во 2019 г. и на  кои има новопоставени маркери и ГПС локатори, добиени преку бесповратни финансиски средства за развој на туризмот на Регионалниот совет за соработка (РСС), а финансирани од Европската унија (ЕУ).

„Средствата што ги добивме ни овозможија да ги отстраниме недостатоците и да направиме осум нови делници од патеката Виа Динарица, кои сега подобро го спојуваат Косово со Албанија и Црна Гора и им овозможуваат подобро доживување на планинарите“, вели Грамен Тараку од Фондот за развој на заедниците (ФРЗ), еден од корисниците на програмата за доделување бесповратни финансиски средства.

„Новите педесет километри од патеката што ги направивме, сега се надоврзуваат на околу 65 километри од Виа Динарица на Косово, 115 во Албанија и 315 во Црна Гора и сочинуваат мрежа која на планинарите им овозможува да истражат различни делови од Проклетие“.

Автентичноста привлекува

За Хозефа ова доцна септемвриско патување и планинарење, е  прва посета на Западен Балкан. „Луѓето од Балкан прв пат ги сретнав на факултет и секогаш сакав да го посетам овој регион, бидејќи ми делува по малку мистериозно“, вели Хозефа.

Според неговите зборови Виа Динарица ги надминала очекувањата. „Тука имате недопрена природа и целото ова место воопшто не е преполно со туристи како што е тоа случајот на Алпите. Балканот е восхитувачки. Додека проаѓаме низ малите села ги среќаваме луѓето како што се Фетије и Мустафа и јадеме автентична храна. Токму ова утро Мустафа ги измолзе кравите и во куќата внесе 25 литри млеко и сега ќе јадеме пита со сирење што тој ја произведе. Неверојатно!“

Хозефа најпрво планирал велосипедска тура што била откажана, па им се придружил на пријателите на неговата прва долга планинарска тура. Додека денеска одмараше, неговите пријатели испитуваа една од новите делници уредени со поддршка на Регионалниот совет за соработка. По враќањето сите беа мокри и гладни, но, на време за да ги пробаат питата и јагнешкото со зеленчук.

Бизнисот се развива и расте

Фетије и Мустафа не работеле од секогаш во туризмот. Таа била домаќинка, а тој градежен работник кој сега течно зборува германски благодарејќи на неговото работење во Швајцарија. Живееле во Пеќ, градот во подножјето на планината Ругова.

Пред околу 12 години Мустафа решил да се врати во планината и да го заживее семејниот имот. Посоветувани, почнале на ретките планинари кој тука минувале да им продаваат флије, традиционална албанска пита и токму тука се родила идејата и за преноќиште.

Пред неколку години започнале да нудат поцелосно мени и место за спиење. „Во почетокот немавме дополнителни кревети, туку само душеци и можевме да примиме максимум четири гости. Меѓутоа, како што се зголемуваше бројот на посетителите кои што планинареа на Виа Динарица и ние почнавме да ги зголемуваме нашите капацитети“, вели Фетије.

„Освен семејната куќа, сега ја имаме и оваа куќа одзади и можеме да примиме до 65 гости за една ноќ. Се уште не сме толку пополнети, но сме имале вечери за големи групи од по 50 лица“.

Планови за во иднина

Со уредување на новите рути и поголема промоција Фетије очекува и поголем број посетители. „Планираме дека во следните пет години ќе ни бидат потребни дополнителни дваесет и два кревети, како и уште луѓе што ќе работат со нас“. На Фетије и Мустафа во моментот им помагаат неговиот брат и снаата, како и две деца од 16 и 14 години кои работат само преку лето, но наскоро ќе им требаат повеќе работници.

Назми Хасанрамај, водич кој планинарите често ги носи преку Алагина Река исто така има потреба за повеќе работници, во неговито случај водичи. „Во текот на сезоната ни недостасуваат водичи. Со оваа работа започнав во 2005 година. Бизнисот полека растеше и се развиваше паралелно со подобрата слика за Косово, но сега, повремено, ни недостасуваат квалификувани водичи“.

Токму во таа насока Регионалниот совет за соработка, со поддршка на Европската унија, ќе продолжи активно да работи на подобрување на инфраструктурата и на промоција на Виа Динарица по целата нејзина должина на Западен Балкан. Советот помага да се воспостави регионална управувачка структура со Виа Динарица, а ќе помогне и со обука за водичи. Фондот за развој на заедниците продолжува со работа во слична насока.

*Автор: Никола Гаон, Проект на Регионалниот совет за соработка за промоција и развој на туризмот

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.