Најмалку 14 лица се убиени во масовно пукање во бар во Јужноафриканската Република Вооружени мажи отвориле оган откако влегле во ноќен клуб во Совето,предградие на Јоханесбург, нешто по полноќ.

Уште десет се повредени, а тројца се борат за живот. Меѓу жртвите има и тинејџери. Како што јавуваат јужноафриканските медиуми, напаѓачите досега не биле уапсени.

„Примарните истраги покажуваат дека луѓето уживале во кафаната. Потоа напаѓачите само влегле и по случаен избор пукале во нив – изјави утрово полицискиот комесар Елиас Мавела.