Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) 265 случаи на еколошки воени злосторства извршени од Русија се под истрага во Украина

0
By Ана Василевска on November 7, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во моментов, вкупно 265 случаи на еколошки воени злосторства извршени од Русија се под истрага во Украина. Четиринаесет од нив се поврзани со екоцид, објави украинскиот јавен обвинител Андриј Костин на  Х (Твитер).

 

„6 ноември е Меѓународен ден за спречување на експлоатација на животната средина во војна и вооружени конфликти. Обемот на руската агресија и нејзиното разорно влијание врз животната средина бара глобален одговор“, напиша Костин.

Според неговите зборови, бројни воени злосторства против животната средина извршени за време на војната вклучуваат загадување на воздухот, водата и почвата, уништување на шуми и обработливо земјиште и напади на нуклеарни постројки. Нивните последици ќе ги чувствуваат луѓето во Украина и пошироко во наредните децении, бидејќи околината нема граници, нагласи Костин.

„Русија мора да сноси одговорност за ова и да ја компензира целата предизвикана штета. Во моментов, Украина истражува 265 случаи на воени злосторства во животната средина. Од нив 14 се поврзани со екоцид“, истакна украинскиот Јавен обвинител.

Според Костин, ова е предизвикувачка задача, бидејќи оваа област долго време остана главно нерегулирана со меѓународното право, а Украина е пионер во многу области.

„За среќа, не сме сами. И ние сме благодарни на сите нашите меѓународни партнери, украинските колеги и граѓанските организации кои не поддржуваат на овој пат“, додаде Костин.

Како што пренесува Укринформ, според заменик-министерката за заштита на животната средина и природни ресурси на Украина, Олена Крамаренко, проценката на штетата предизвикана на Украина од руската вооружена агресија може да трае 20-30 години.

Подготви: Ј. Ѓ.

Извор: Фронтлајн.мк

Војна во Украина екоцид Руска агресија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.