Долгогодишен аналитичар во американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) објави денеска дека дава отказ, бидејќи не сака да и служи на администрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Аналитичарот Едвард Прајс во Вашингтон пост објави дека на неговата одлука влијаела комбинацијата на реториката на Трамп од предизборната кампања и некои од неговите први потези откако е на функцијата.
Прајс посебно го критикува говорот на Трамп пред Меморијалниот ѕид на хероите во седиштето на ЦИА, еден ден по стапувањето на должноста претседател, во кој тврдеше дека на неговата инаугурација имало многу повеќе луѓе отколку што пренеле медиумите.
Бившиот службеник на ЦИА ја споменува и реорганизацијата на американскиот Совет за национална безбендост од страна на Трамп минатиот месец, што го опишува како намалување на влијанието на разузнавачите.
Прајс работел во ЦИА од 2006 година, а бил и службеник на Советот за националан безбедност од 2014 до неодамна.




