Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, гостувајќи во емисија на ТВ21 , вечерва откри интересен податок. Зборувајќи за пожарите во малешевијата и нивното навремено откривање, тој рече дека се размислува поставување на камери, но дека истите треба да бидат сочувани од кражби.

– Разгледуваме една можност да поставиме камери кои детектираат пожари на 20-30 километри и чад. Но размислуваме како да ги заштитиме тие камери од грабежи. Знаете, луѓето крадат сообраќајни знаци и потоа прават печки за ајвар. Затоа размислуваме како овие камери би ги заштитиле“, кажа Ангелов.