Според последните информации од колумбиската полиција, најмалку 76 лица загинаа во уривањето на авионот во централна Колумбија, во кој имало 81 патник и членови на екипажот, од кои дел се фудбалери на бразилскиот клуб Шапикоенсе.
Исто така меѓу патниците имало и друг персонал на клубот и новинари кои требало да го следата вата финални натпревари од Копа Суд Американа што требало да се играат во градот Меделин.
АФП претходно јави дека петмина се спасени а досега се пронајдени 25 тела.
Од петмината преживеани, тројца се членови на Шапокоенсе – дефанзивецот Алан Рушел и голманите Џексон Фолман и Данило успеале да го преживеат падот, како и еден од бразилските спортски новинари кои патувале заедно со клубот.
Фудбалскиот клуб требало да патува со друг лет, но биле принудени да го сменат авионот за да стигнат до Меделин, каде требало да играат меч против Атлетико Национал.
Аеродромот во Меделин на твитер профилот објави дека поради силен дожд запрени се сите операции за спасување и за потрага по евентуални преживеани на местото на несреќата.
Градоначалникот на градот Ла Цеха Елкин Оспин изјави дека најверојатно снемало гориво во авионот.







