Во Солун автобус среде пат пропадна во дупка. Дупката била предизвикана од обилните дождови, а во инцидентот немало повредени. Во моментот на несреќата во автобусот имало 15 лица, пренесе АП.

Во автобусот се превезувале работници од нафтена рафинерија во Солун.

Обилните дождови предизвикаа поплави во Атина и други делови на Грција, а поради невремето многу патишта беа затворени.