Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Барселона: „Камп Ноу“ од мај ќе биде градилиште

0
By Нова ТВ on October 25, 2016 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во мај догодина, и официјално, почнува целосната реконструкција и надградба на „Камп Ноу“ (на шпански значи „Нов дом“). Градежните зафати ќе траат до 2021 година и ќе чинат 600 милиони евра. Важи за најголем стадион во моментот во Европа и како еден од симболите на светскиот фудбал.

Изграден е во 1956 година и има капацитет од 98.800 седишта. Оттогаш претрпе две реновирања, во 1980 година и во 1994 година, но ова сега ќе биде драстично различно.

stadion-2

По завршување на проектот, домот на фудбалскиот клуб Барселона ќе има покрив, трибини со нови простории и содржини, 105.000 седишта и нов, пострмен, прв круг на што ќе овозможува и подобар поглед и преглед на теренот. Најинтересно во целата работа е што Барселона нема да се сели за време на работите туку ќе игра на градилиштето.

Надворешните зафати на трибините и на околината на стадионот ќе се одвиваат во текот на сезоната, а зголемување на трибините и изградба на кровната конструкција е планирана во летните месеци во паузите меѓу две изданија на Примера. На конкурсот победи идејното решение на јапонската компанија „Никен Секеи“ во конкуренција на седум други кандидати.

Проектот ќе го изведува во соработка со шпанското студио „Пасквал&Аусио Аркитекте“. Правото на користење на името на новиот стадионот ќе биде ставено на продажба. Тоа значи дека кон сегашното „Камп Ноу“ ќе биде додадено и името на брендот кој ќе внесе околу 200 милиони евра за покривање на една третина од трошоците.

Со проектот, покрај фудбалскиот стадион, ќе бидат опфатени и новиот дом на секциите на Барселона во спортови во сала, „Палата Блауграна“ со капацитет од 10.000 места на старата локација и преместување на т.н. „Министадион“ со капацитет со капацитет од 7.000.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
ФОКУС

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

ВЕСТИ October 23, 2025

Градоначалничката Данела Арсовска во објава на социјалните мрежи утрово пишува дека одговорноста за состојбата во…

Трамп ја откажа средбата со Путин: Едноставно не ми се чинеше исправно  

October 23, 2025

23 октомври – Ден на македонската револуционерна борба

October 23, 2025

ЕП усвои резолуција за Србија – оценките за состојбата во земјата неповолни

October 22, 2025
ТИКЕР

Уапсен мажот што пукаше во „Ќациленд“ – за Вучиќ тоа е терористички чин

October 22, 2025

Трамп добитник на наградата „Архитект на мирот“

October 22, 2025

Пред пожарот во шаторите пред Собранието на Србија се регистрани истрели, реагираше полицијата и приведе едно лице

October 22, 2025

Масовно затворање продавници низ Србија поради маржите воведени од Вучиќ

October 21, 2025

Уништен мурал на Ѓоковиќ

October 21, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.