„Сметаме дека рачно изработената бомба оставена на дното на столбот за струја при минување на затворското возило е активирана со далечински управувач. Едно лице загина, четири се повредени. Ги очекуваме да пристигнаг министрите за внатрешни работи и за правда во Бурса. Инцидентот го оценуваме како терористички напад“, изјави гувернерот на Бурса, Јакуп Џанболат.
Министерот за внатрешни работи Сулејман Сојлу изјави дека во тек е истрагата за откривање на сторителите.
„Еден од нашите затворски чувари беше убиен при активирање на бомба со далечински управувач додека чуварите минуваа на патот Бурса-Мудања“, изјави Сојлу.
„Во тек е истрага за откривање на сторителите. Посакувам Божја милост за починатото лице и брзо закрепнување на другите повредени“, додаде Сојлу.