Со песната „Green forces“ македонските претставници, тинејџерите од „Дајте музика“, со одличниот настап го освоија деветтото место на Јуниор Евросонг во Париз.

Победи претставничката на Ерменија, Малена, со песната „Qami Qami“.

Македонија и додели 12 поени на Русија, а Албанија ѝ ја даде единствената 12-ка на Македонија.

Од онлајн гласањето, пак, земјава доби 55 поени. Вкупниот број поени, 114, коишто ги добија нашите претставници, беа доволни да се најдеме во најдобрите десет изведувачи.