Полицијата во Белград вечерва спроведе акција за исфрлање од зградата на јавниот сервис РТС на демонстрантите кои по вечерашниот антивладиниот протест познат како „Еден од пет милиони“ влегоа во зградата и бараа да се обратат до јавноста преку јавниот сервис.
https://www.youtube.com/watch?v=FNFX2yLruao
Дел од демонстрантите преводени од лидерот на Движењето Двери Бошко Обрадовиќ влегоа во просториите на РТС, но уредништвото на РТС не дозволи вонредно вклучување во програмата на РТС. Околу 21.30 часот полицијата започна акција на исфрлање на демонстрантите.
Полициската акција уследи по прес конференцијата на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ кој ги повика демонстрантите да ја напуштат зградата и ги обвини за насилство и уништување на имот. Лидерите на Сојуз за Србија кои се организатори на протестите ги обвини за насулство и за закани кон новинарите, и се закани со прекршочни и кривични пријави за сите што вечерва влегле во РТС.
-Државата на ова ќе мора да одговори. Секој кој беше во зградата на РТС противзаконски, извршил насилство, се заканувал или на друг начин го кршел законот, ќе одговара икривично и прекршочно рече Стефановиќ.
-Овие луѓе се восхитуваат на „македонското сценарио“ и велат дека е баш добро што некој е осуден на 18 години затвор затоа што дозволил некој да упадне во Собранието, а сега тие тоа го прават со упад во РТС, ги повикуваат луѓето на насилство, на кршење на закони и на продолжение на насилството кон новинарите на РТС, рече министерот за полиција.
Според Стефановиќ при упадот во РТС имало наводно претепани новинари, што опозиционерот Обрадовиќ го нарече лага.
Тој го замоли министерот за полиција да не реагираат.
-Ги предупредувам Вучиќ и Стефановиќ да не си играат со народот, а граѓаните ги повикувам да дојдат, вечерва ќе ја ослободиме РТС, рече Обрадовиќ. Тој истакна дека три месеци молат да се појават на програма. Што е проблем да ги примат организаторите на две минути во Дневник 2, 3. Бараме само вонредно вклучување во кое ќе учествува наш претставник, а не политичар или пратеник, рече лидерот на Двери по што, како што рече ќе си заминат.
Полицијата откако ги исфрли демонстрантите од внатрешноста на РТС, продолжува со акцијата во дворот на РТС каде демонстрантите кои извикуваат “Уапсете го Вучиќ“, Вучиќ оди си“ и „Готов е“, и до полицијата „Симнете ги шлемовите“ и „Одете на Косово“.
Началникот на белградската полиција изјави дека полиција не сака да употреби сила спрема граѓаните, но дека нема да дозволи загрозување на зградата или напад врз вработените во јавниот сервис.
Во зградата беше и уште еден од лидерите на СЗС Драган Ѓилас, кого полицијата го истурка надвор заедно со Обрадовиќ.
Колегиумот на РТС соопшти дека со блокадата на зградата е премината границата на легитимен протест и нелегитимен притисок на сите вработени во јавниот сервис.







