Американската кошаркарска ѕвезда, Денис Родман му ја отпеа „Среќен роденден“ на лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун во пресрет на пријателскиот натпревар помеѓу севернокорејските кошаркари и тимот од поранешни НБА кошаркари кои се на „заедничка мисија“ со Родман.
Родман рече дека Ким, кој на натпреварот присуствуваше со неговата сопруга, е неговиот најдобар пријател.
Родман е веќе во четврта посета на Северна Кореја, овој пат да го одбележи роденденот на Ун.
Кошаркарот од Куќата на славните, луто го брани своето пријателство со Ким Јонг Ун откако беше неколку пати критикуван од страна на организации за човекови права. Од САД велат, тој не претставува ничија земја.
Публиката, околу 14.000, на стадионот во Пјонгјанг му аплаудираа на Родман додека тој ја пееше роденденската песна.
Денис Родман е во посета на Северна Кореја со тим составен од поранешни НБА кошаркари со цел да одиграат натпревар во чест на роденденот на Ким Јонг Ун, иако неговата дата на раѓање официјално не е потврдена.