Министерот за надворешни работи Никола Димитров во интервју за бугарската телевизија „Нова“ вели дека тој и неговиот грчки колега Никос Коѕиас сакаат да го решат спорот со името, но разлики се уште има. Национализмот во Македонија се обидуваме да го замениме со визонерски патриотизам вели Димитров, кој оценува дека за Македонија е многу важно да го фати овој воз за Европа. ,,Многу долго чекавме на станицата, важно е и за нас, и за стабилноста во регионот вели Димитров.
Од МНР денеска соопштија дека министерот Димитров денеска во Софија, на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ, имал средба со грчкиот шеф на дипломатијата Коѕијас како продолжение на напорите за надминување на разликата околу името.