Како што често го прави тоа кога патува на светските турнеи, соул и џез артистката Џос Стоун, ја запеа популарната „Кој да ми запее“, во дует со македонската музичка ѕвезда Каролина Гочева.

Видео-записот од дуетот е направен во паркот во Скопје, во пријатната атмосфера, а на социјалните мрежи веќе има илјадници прегледи.

Перформансот, Џос Стоун го сподели на својата Facebook станица каде напиша дека Каролина има прекрасен и инспиративен глас и дека оваа заедничка песна и го направила денот посебен.

joss

Ваквите настапи се честа практика за Стоун, која веќе снимала и во Естонија и други земји.

Стоун е номинирана неколку пати за Греми, а досега има едно такво признание за песната “Family Affair”, за најдовар R&B настап.