Несекојдневна глетка се случила вчера на Шар планина и истата била забележана на видео камерите поставени среде шумата.

Имено, додека мајка со двете мали мечиња правеле прошетка низ густата шума на Шар планина или додека можеби биле во потрага по храна, застанале точно пред камерата и ја овековечиле оваа несекојдневна ситуација.

Мајката и малите мечиња во еден момент се исправуваат како да наслушнуваат дека се во опасност, а потоа за миг и делуваат како да се исплашиле, но, сепак, на крајот сето тоа изгледа симпатично.