Published: Sunday, August 27, 2017 12:41
Воено складиште за оружје во Азербејџан денеска беше зафатено од пожар, по што следуваше експлозија, соопшти тамошното Министерство за внатрешни работи.
Според прелиминарните податоци, во експлозијата и пожарот никој не е повреден.
Азербејџанските власти не ја наведоа точната локација на експлозијата, но локалните медиуми наведуваат дека станува збор за Сијазан во североисточниот дел на земјата.
Медиумите уште наведуваат дека поради инциднетот, затворен е автопатот кој престолнината Баку ја поврзува со Русија.
Во видеото на Russia Today може да се погледнат првите снимки од експлозијата и опожарената површина.




