Фудбалерите на Манчестер сити ја одбранија титулата во англиската Премерлига, нивна четврта во последните пет сезони, по триумфот во последното коло над Астон Вила со 3:2.

Гостите од Бирмингам, изненадувачки, имаа водство со 2:0, но „граѓаните“ за само пет минути направија целосен пресврт и за еуфорично славје на крајот на „Етихад“. Двоен стрелец за тимот на Пеп Гвардиола беше Илкај Гундоган во 76-та и 81-та минута, меѓу неговите две реализации во листата на стрелци се впиша и Родри во 78-та минута.

Ливерпул попладнево оствари пирова победа над Вулверхемптон со 3:1, што, сепак, беше недоволна за „црвените“ за освојување на тронот, со оглед дека им требаше кикс на Сити.

Пласман во Лигата на шампиони, покрај Челзи, обезбеди и Тотенхем по убедливата победа на гостувањето кај Норич со 5:0.

Англиски претставници во Лига Европа во наредната натпреварувачка сезона ќе бидат Арсенал и Манчестер јунајтед, додека Вест Хем ќе игра во конференциската лига.

Опстанок во Премиерлигата не успеаја да осигураат Барнли, Вотфорд и Норич.