Иран мора да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денес шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. „За Иран е важно да се врати кон нуклеарниот договор. Мора да го увериме Иран дека тоа е за негов сопствен интерес. Употребата на оружјето мора да пшрестане под итно за да се даде простор за дијалог“, изјави Фон дер Лајен.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш предупредува на ризикот од погрешни проценки сред глобалните тензии кои се наоѓаа на „највисоко ниво“.
„Престанете со ескалација. Бидете максимално воздржани. Повторно започнете дијалог. Обновете ја меѓународната соработка и избегнете нова војна“, порача Гутереш.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, исто така, повика на воздржаност.
Во меѓувреме битката освен на терен, жестоко се води и на социјалните мрежи. Иран во меѓувреме објави ужасна лажна снимка од атентат врз престедателот на САД, Доналд Трамп во кого пука снајперист. Монтираната снимка на новинската агенција на иранската Влада – Фарс почнува со зборовите: „Ако вие ја започнете војната, ние ќе ја завршиме“.
Снајперистот, кој се крие зад решетките, вади пушка од коферот, а потоа гледа во фотографијата на убиениот иранскиот генерал Касим Сулејмани. Потоа испалува неколку куршуми во американскиот претседател, додека телохранителите трчаат да го заштитат. „Во име на Бог, добротворниот и милосрден“, пишува на крајот на снимката.
Иранскиот врховен водач Ал Хамнеи утрово имаше запаллив говор во кој го пофали убиениот генерал и прокоментира дека на Американците им е удрена шлаканица, мислејќи на нападот со ракети на двете американски бази во Ирак.
Нападот со проктили земја-земја го потврди и Пентагон. Базата Ал Сад ја погодиле најамлку 20 проектили, а погодена е и базата Ербил. Иако нема официјални податоци за жртви, Иранската државна телевизија тврди дека се убиени „80 американски терористи“.
Според повеќе извештаи, Пентагон распоредил шест нуклеарни бомбардери „Б-52“ во воздушна база во близина на Иран. Шесте бомбардери ќе бидат стационирани во Диего Гарсија, британска островска база лоцирана во Индискиот океан, пренесува „ Washington Examiner“. Локацијата има стратешко значење затоа што се наоѓа надвор од опсег на познати ирански ракети. „FOX News“ пренесува дека Б-52 бомбардерите тргнале од воздухопловната база Барксдејл во Луизијана. Пентагон не го потврди распоредувањето.
„Поради оперативна безбедност, ние не разговараме за силите што, влегуваат во или надвор од областа на одговорноста на Централната команда на САД во овој момент“, рече Ребека Ребарич, портпарол на Пентагон.
По нападот на беспилотното летало, во кое загинаа генералот Касем Солејмани и ветувањата на одмаздата на Иран, Соединетите држави ја засилија својата сила на војската во регионот, која сега се проценува на 80.000, објави „ Washington Examiner“.





