Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО: Европските демо-христијани му вртат грб на ВМРО-ДПМНЕ

0
By Светлана Јовановска on May 8, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Додека европската пратеничка Маријана Петир во Скопје ја критикуваше македонската опозиција, во Брисел нејзината политичка фамилија, десната демо-христијанска Европска народна партија (ЕПН), сестринската партија на ВМРО-ДПМНЕ и најголемата политичка формација во ЕУ, конечно призна дека најсериозната пречка на нашиот европски пат не е спорот со Грција туку внатрешната политичка ситуација.

Центарот за студии на европските десничари во својот документ за проширувањето на ЕУ кон Балканот, вели дека политичката ситуација во Македонија останува да биде најголемата пречка за преговорите кои се условени со целосна примена на договорот од Пржино.

Во скицата што ја направи најголемиот поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ во Европа се констатира дека Македонија, која некогаш била прва помеѓу земјите кандидати, назадува на многу полиња и денес, на чело со ВМРО-ДПМНЕ, се наоѓа во ќорсокак.

Демохристијаните сосема се согласуваат со извештаите на Европската комисија дека институциите на државата се се повеќе политизирани, дека има многу случаи на мешање во судството и во медиумите и дека во земјата нема реален напредок во борбата против корупцијата.

Понатаму се вели дека владата, наместо да ги намалува непотребните трошоци од буџетот, влегла во изградба на контроверзни проекти со статуи и владини згради кои чинат “многу милиони евра”, вели десничарската анализа. Според која сега е време за враќање на владеењето на правото а дури потоа избори.

Во Европскиот парламент, и позиција и опозиција, се согласуваат дека Македонија треба и мора да биде наградена поради помошта што и ја даде на Унијата во бегалската криза. Арно ама, блокираното Пржино ги спречува и најголемите поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ да го исполнат ова ветување.

За да не должам многу, ќе го цитирам холандскиот министер за надворешни работи Берт Кундерс. Кој, изморен од македонските политичари, реши да им испрати писмо. Во кое се вели дека пропаѓањето на Договорот од Пржино ќе ја изолира Македонија и ќе ни ја одземе сета надеж за награда и преговори за членство. Затоа што минималните услови за кредибилни избори не се исполнети, затоа што одлуката на Претседателот за аболиција мора да биде повлечена а специјалното обвинителство мора непречено да ја заврши својата работа.

Ова предупредување ја има сета поддршка на демо-христијанската сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ. Toa e и порака до ВМРО-ДПМНЕ која треба помалку внимание да и обрнува на Маријана Петир а повеќе на оние кои во Унијата навистина ги носат одлуките за нашата иднина.

Берт Кундерс ВМРО-ДПМНЕ Европска народна партија ЕУ хроника
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

ВЕСТИ October 6, 2025

Новиот француски премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка, објави денеска Елисејската палата, пренесе ДПА.

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

October 5, 2025

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.